Јун пред Уставниот суд го бранеше воведувањето на воена состојба во Јужна Кореја

21.01.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Јун пред Уставниот суд го бранеше воведувањето на воена состојба во Јужна Кореја

 Отповиканиот претседател на Јужна Кореја, Јун Сук-јеол денеска пред Уставниот суд ги бранеше своите постапки за време на краткотрајната воена состојба на 3 декември, истакнувајќи оти не и наредил на армијата да ги отстрани пратениците од Парламентот, со цел да ги спречи да ја укинат воената состојба.

Јун на сослушувањето потенцира дека служел како претседател со „силна посветеност на слободната демократија“.

Во оваа земја, Парламентот и медиумите се многу помоќни од претседателот и се во многу супериорна позиција, наведе Јун.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата