Со преполни бироа со папки, прво во „Capital One“ Арената, a потоа и во Овалната соба, новиот претседател донесе над 100 извршни наредби. Со првата поништи 78 укази на Бајден, меѓу кои и оној со кој ја врати Куба на листата на спонзори на тероризмот. Следуваше и најконтроверзниот документ, со кој тој помилува над 1.500 осудени и обвинети лица за упадот во Конгресот пред четири години, а им ја ублажи казната на дузина членови на екстремно десничарските „Прауд бојс“ и „От Киперс“.
-Овие луѓе се уништени. Она што им го направија на овие луѓе е сурово. Ретко имало нешто слично во историјата на нашата земја. , изјави Доналд Трамп, претседател на САД.
А, историјата како што самиот најави, почна да ја пишува со прогласување вонредна состојба на границата со Мексико, што отвора можност војската и да интервернира. Го укина и правото на државјанство на децата на нелегалните мигранти родени во САД, ги повторно амбициите за Панамскиот канал, што предизвикаа протести во Мексико и Панама.
Трамп продолжи да го брише наследството на Бајден и во меѓународните институции. Се повлече од СЗО и од климатскиот договор.
-Следната точка е испраќање писмо до ОН со објаснување дека ние се повлекуваме од парискиот климатски договор.
За војната во Украина рече дека очекува наскоро да се сретне со Путин, но без неодамнешниот оптимизам дека со него на чело на САД, мирот е прашање на денови.
-Зеленски сака да склучи договор. Не знам дали Путин сака, можеби не. Не знам. Треба да направи договор. Мислам дека ја уништува Русија со тоа што не склучува договор. Мислам дека Русија ќе биде во голема неволја. , изјави Трамп.
Денот полн со извршни одлуки беше заокружен со трите инаугурациски балови на кои двојката Трамп го изигра традиционалниот танц. Ден подоцна остана и енигмата, што сакаше да постигне Илон Маск со гестот налик на фашистички поздрав, за кој денеска самиот негираше дека е тоа.
Најпосле, остана нејасно и што му напиша Бајден на Трамп во писмо оставено во фиоката, традиција која ја почна Реган 36 години.
-Дали претседателот Бајден ви остави писмо? Не ми го оставиле на бирото. Не знам. Оyy… Што има таму? Фала, Питер, можеа да поминат години пред да дознаеме. Ви благодарам. Што пишува однапред? Можеби ќе го прочитаме заедно.
Во однос на увозот од Канада и Мексико, Трамп најави царини од 25 проценти од следниот месец, а ја одложи забраната за Тик-Ток во земјата за 75 дена.