„Извини Емануел, дали може...“- Макрон го прекина Зеленски во незгоден момент (ВИДЕО)

20.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
„Извини Емануел, дали може...“- Макрон го прекина Зеленски во незгоден момент (ВИДЕО)

На видеото објавено на X, Зеленски се гледа како слуша новинарско прашање кога тој одеднаш му одговара на телефонот.

„Извини, Емануел, имам разговор со печатот, може ли да ви се јавам за 15-20 минути“, се слуша како вели Зеленски на снимката.

По неколку секунди во кои очигледно слушнал позитивен одговор од францускиот претседател, Зеленски се слуша како вели „да, те молам, ти благодарам Емануел, одлично, добро, збогум“.

Новинарите кои учествувале на повикот потоа го прашале Зеленски дали Макрон бил навистина на другиот крај од жицата, на што украинскиот претседател потврдно одговорил.

„Да, само што разговарав со претседателот Макрон. Разговараме многу често, околу еднаш дневно“, истакна Зеленски.

Видеото стана вирално на социјалните мрежи, еден ден откако Зеленски разговараше по телефон со американскиот претседател Доналд Трамп, за прв пат по конфликтот во Белата куќа.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата