Израелските одбранбени сили проценуваат дека 20.000 Палестинци ја напуштиле Газа преку ноќ

15.09.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Израелските одбранбени сили проценуваат дека 20.000 Палестинци ја напуштиле Газа преку ноќ

Минатата недела, Палестинците во Газа беа повикани да се евакуираат пред планираната офанзива на ИДФ против палестинското милитантно движење Хамас во областа, објави денеска „Тајмс оф Израел“.

Се проценува дека околу еден милион Палестинци живееле во градот Газа пред израелската војска да почне да се подготвува за голема офанзива против Хамас.

На цивилите им е наредено да се упатат кон хуманитарната зона одредена од Израел во јужна Газа, но многу жители на Газа велат дека никаде во Газа не е безбедно.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата