Израел го нападна Иран и прогласи вонредна состојба

13.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Израел го нападна Иран и прогласи вонредна состојба

 Нападот е извршен зголемуваат тензиите околу напорите на САД да обезбедат согласност од Иран за запирање на неговата нуклеарна програма.

Израел соопшти дека прогласува вонредна состојба во очекување на напади со ракети и беспилотни летала од страна на Техеран.

Израелски воен претставник изјави дека Израел напаѓа „десетици“ нуклеарни и воени цели.

„По превентивниот напад на државата Израел врз Иран, во непосреден рок се очекува напад со ракетни и беспилотни летала врз државата Израел и нејзиното цивилно население“, изјави министерот за одбрана Израел Кац.

Двајца американски претставници, кои зборуваа под услов да останат анонимни, изјавија дека Израел започнал да извршува напади врз Иран и дека немало помош или вмешаност на САД во операцијата.

Си-Ен-Ен објави дека американскиот претседател Доналд Трамп свикал состанок на кабинетот. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата