Иранците се заканија: Ќе ја прошириме војната и надвор од границите на регионот

20.05.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Иранците се заканија: Ќе ја прошириме војната и надвор од границите на регионот

Војската соопшти дека реагира на заканите од „американско-ционистичкиот непријател“ откако Доналд Трамп и Џ. Д. Венс вчера предупредија дека би можеле да продолжат со воени напади доколку не се постигне мировен договор со иранската влада, објави Скај њуз.

„Сè уште не ги искористивме сите капацитети на Исламската револуција против нив“, се вели во соопштението на Револуционерната гарда. „Но, ако се повтори агресијата против Иран, овој пат ветената регионална војна ќе се прошири надвор од регионот, а нашите разорни напади на места што не ги очекувате ќе доведат до ваше целосно уништување“.

Иран претходно одговори на американско-израелските воени кампањи со напади врз соседните земји. Исто така, постојат стравувања од хибридна војна во странство. Лондонската полиција, на пример, истражува врски со палежи во Лондон од страна на групи поврзани со Иран.

Франција и Велика Британија подготвуваат мисија во Ормутскиот теснец

Франција се подготвува за мисија за деминирање во Ормутскиот теснец, изјави министерката за вооружените сили на таа земја, Катрин Вотрин. Таа за француското радио изјави дека „нема сигурност“ дека Иран всушност ги поставил мините, и покрај американските извештаи за најмалку десет мини идентификувани во клучниот воден пат.

„Но, во секој случај, се подготвуваме за евентуалната потреба од отстранување на мините“, додаде Вотрен. Таа објасни дека бродови за деминирање се испраќаат во регионот како дел од можна идна француско-британска мисија.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата