Инфлуенсерка е убиена среде пукотница на улица во Аризона- куршум ја погодил во глава, додека чекала на семафор

20.08.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Инфлуенсерка е убиена среде пукотница на улица во Аризона- куршум ја погодил во глава, додека чекала на семафор

Имала 27 години. Девојката е позната на социјалните мрежи по редовното објавување содржини за готвење и животен стил на своите профили, каде што имаше повеќе од 300.000 следбеници на Фејсбук, Инстаграм и ТикТок.

Според извештајот на локалните медиуми „AZFamily“ и „12News“, полицијата во Глендејл го уапсила осомничениот, Хесус Пресијадо Дастен, 33, кој е осомничен за нејзиното убиство.

Полицијата вели дека Дастен, кој возел пикап во петокот навечер, почнал да се расправа со возачот на друг пикап додека стоел на црвено светло во Глендејл, Аризона. Додека расправијата продолжувала, полицијата вели дека Дастен извадил пиштол, пукајќи без цел, а куршумот поминал низ прозорецот на совозачот и ја погодил Јарели директно во главата, иако таа не била вклучена во кавгата.

Момчето на инфлуенсерката, кое во тој момент го возела автомобилот, ја однело итно во болница, каде што Ешли подоцна починала, соопшти полицијата.

Властите додадоа дека малиот син на двојката и мајката на инфлуенсерката биле на задното седиште од возилото во тој момент, но немало други повредени.

Наредникот од полицијата во Глендејл, Брајан Хоскинс, за AZFamily изјави дека детективите за убиства користеле повеќе снимки од камерата за да го идентификуваат Дастен како сопственик на возилото вклучено во пукањето. Откако претресле куќа во Глендејл, каде што полицијата пронашла два пиштола, властите го уапсиле Дастен во неговиот стан, објавија медиумите.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата