Во соопштението се наведува дека Мусбах Салим Мусбах Дајах, кој бил убиен во Нусеират, бил вмешан во регрутирање членови на Западниот Брег и во терористички напади на таа територија и во Израел, како и во напади врз силите на ИДФ во Газа, пренесе Тајмс оф Израел.
Ова е четврти пат ИДФ да елиминира водач на Муџахединските бригади во последните неколку месеци, откако и претходниците на Дајах биле убиени.
ИДФ објави снимка од нападот, наведувајќи дека припадниците на Муџахединските бригади зеле „значајно учество“ во терористичкиот напад предводен од Хамас на 7 октомври 2023 година во јужниот дел на Израел, и оти активно учествувале во убиствата и киднапирањата дури и без претходно знаење за плановите на палестинската милитантна група Хамас за нападот.