Гутереш: Нападот на САД врз иранските нуклеарни постројки означува опасен пресврт во регионот

23.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Гутереш: Нападот на САД врз иранските нуклеарни постројки означува опасен пресврт во регионот

-Пред два дена, од истото ова место, упатив директен апел - дајте му шанса на мирот. Тој апел не беше послушан, рече Гутереш на вонредна седница на Советот за безбедност на ОН, објави Си-Ен-Ен.

Тој додаде дека, наместо тоа, САД ги бомбардираа иранските нуклеарни постројки.

Гутереш потсети дека постојано осудувал каква било воена ескалација на Блискиот Исток, додавајќи дека луѓето во регионот не можат да поднесат уште еден циклус на уништување.

-Па сепак, сега ризикуваме да паднеме во уште една стаорска стапица на одмазда и освета, рече генералниот секретар на Обединетите нации.

Советот за безбедност на ОН вчера одржа итан седница на барање на Иран, откако САД извршија напади врз три ирански нуклеарни постројки.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата