Грушко: Русија во мировните преговори ќе бара челични гаранции

17.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Грушко: Русија во мировните преговори ќе бара челични гаранции

- Ќе бараме челичните безбедносни гаранции да станат дел од овој договор. Една од овие гаранции е неутралниот статус на Украина, односно одбивањето на земјите од НАТО да ја примат Украина во Алијансата, наведе Грушко.

Тој го повтори ставот на Кремљ дека е против распоредување на војници од земјите-членки на НАТО во Украина како дел од меѓународните мировни сили, откако Франција и Велика Британија изразија подготвеност да испратат свои војници во мировна мисија за следење на прекинот на огнот.

- Не е важно под која ознака силите на НАТО би пристигнале во Украина: било да е тоа Европска Унија, НАТО или национален капацитет. Доколку се појават таму, тоа ќе значи дека тие се распоредени во зоната на конфликтот со сите последици за овие контингенти како страни во конфликтот. Можеме да зборуваме само за распоредување невооружени набљудувачи, цивилна мисија која ќе го следи спроведувањето на одредени аспекти од договорот или механизми за гаранција откако ќе се постигне договор. Дотогаш, сето тоа е само воздух, посочи Грушко. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата