Гром удри среде автопат во САД, возачите преплашени (ВИДЕО)

20.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Гром удри среде автопат во САД, возачите преплашени (ВИДЕО)

За жал, бурите предизвикаа и над 50 торнада. Загинаа најмалку 30 луѓе. Уништени се бројни населби, а штетата беше огромна, бидејќи бурите урнаа сè што им беше на патот, објави Фокс.

Невреме ја погоди и американската сојузна држава Џорџија. За среќа, оваа југоисточна американска држава не беше погодена од некои поголеми торнада, но беше погодена од силни грмотевици и град. Имаше и многу обилни дождови, а многумина стравуваа од опасност од појава на торнада. Инаку, повеќе од 100 милиони луѓе беа изложени на ризик од тешки катастрофи.

Силни грмотевици беа многу изразени и во областа Атланта. Во близина на овој милионски град, силен гром удри среде автопат. Громот беше како силна експлозија. Со оглед на тоа што сообраќајот беше многу густ, возачите и учесниците во сообраќајот останаа запрепастени од необичната глетка. За среќа немало повредени.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата