Градоначалникот на Будимпешта испрашан како осомничен поради организирањето на Парада на гордоста

1.08.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Градоначалникот на Будимпешта испрашан како осомничен поради организирањето на Парада на гордоста

Карачоњ изјави дека е под истрага поради сомнение за кршење на законот за правото на јавно собирање со наводно организирање на настан што претходно бил забранет од полицијата и затоа што ги поканил граѓаните да присуствуваат, јави унгарската новинска агенција МТИ.

Тој го опиша полициското сослушување како „апсурдно“, нагласувајќи дека градските власти немаат никакви овластувања или правила во врска со собири и оти наводни злоупотреби не се можни.

Стотици илјади луѓе на 28 јули се собраа во Будимпешта за да ја одбележат 30-годишнината од Парадата на гордоста, и покрај забраната за настанот што ја воведе владата.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата