Голем прекин на струја поради пожар во Берлин, полицијата се сомнева на политички мотив

9.09.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Голем прекин на струја поради пожар во Берлин, полицијата се сомнева на политички мотив

Пожарот избувнал ноќеска во квартот Јоханистал, во југоисточниот дел на главниот град, информира портпаролката на берлинската полиција, пренесе Бета.

На пожарникарите им бил потребен еден час за да го изгаснат пожарот откриен околу три часот утринава на два електрични столба.

Пожарот предизвикал прекин на струја за 43.000 домаќинства и 3.000 фирми, наведе полицијата.

Според портпаролот на компанијата што управува со берлинската електромрежа, погодени биле 50.000 нивни клиенти, а околу пладне струја повторно добиле 15.000 од нив.

Полицијата се сомнева дека пожарот е подметнат и не ја исклучува можноста за политички мотив, рече портпаролката на полицијата, без да даде дополнителни детали.

Тоа би можело да го објасни видот на целно избраната инсталација и предизвиканата штета, додаде таа.

Полицијата спроведува истрага.

Неколку домови за стари лица, училишта, градинки и трамваи исто така биле погодени од прекините на струја. Полицајци управуваат со сообраќајот на некои места, бидејќи повеќе семафори не работат. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата