Детали за сериозниот инцидент ги објави Главната дирекција на Министерството за вонредни ситуации на Руската Федерација за Краснодарската територија.
Пожарникарите брзо реагираа
Пожарот избувна во зграда во која се наоѓа зоолошка градина за крокодили, како и делфинариум и океанариум, но неговото ширење кон овие објекти било спречено, пренесува РИА Новости.
„Пожарникарите брзо го локализираа пожарот, спречувајќи го неговото ширење. За жал, 28 крокодили и една желка загинаа“, се вели во соопштението.
Властите соопштија дека ги истражуваат причините за инцидентот во Јејск.