Германските војници се повлекоа од Гренланд

18.01.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Германските војници се повлекоа од Гренланд

Претходно беше најавено дека тимот на Бундесверот подолго ќе остане на Гренланд.

- Останува нејасно дали Германија ги повлекува своите војници под влијание на најавените казнени царини на американскиот претседател Доналд Трамп за земјите кои се против  неговата агресивна политика кон Гренланд или дали постојат други причини за нивното повлекување, објави германскиот весник Билд.

Германските војници на Гренланд пристигнаа пред два дена, како дел од извидувачка мисија на земјите од НАТО на покана на Данска. Целта беше воена вежба, како и истражување на други опции за вежби и распоредување на војници.

Мисијата почна по неуспешниот состанокот помеѓу министрите за надворешни работи на Данска, Гренланд и САД во Вашингтон.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата