Најмалку 5.000 луѓе се убиени за време на протестите во Иран, тврди ирански официјален претставник

18.01.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Најмалку 5.000 луѓе се убиени за време на протестите во Иран, тврди ирански официјален претставник

 Тој ги обвини „терористите и вооружените бунтовници“ за убиството на „невини Иранци“.

Функционерот, кој одби да биде именуван поради чувствителноста на прашањето, рече дека некои од најголемите судири и најголемиот број на жртви се случиле во курдските региони во северозападен Иран.

„Не се очекува конечниот број на жртви значително да се зголеми“, рече функционерот, додавајќи дека „Израел и вооружени групи во странство“ ги поддржувале и вооружувале демонстрантите. 

Новинската агенција на активисти за човекови права (HRANA) со седиште во САД вчера објави дека бројот на жртви достигнал 3.308, со уште 4.382 случаи под истрага. Организацијата, исто така, соопшти дека потврдила повеќе од 24.000 апсења.

Организацијата за човекови права на иранските Курди, со седиште во Норвешка, „Хенгау“ соопшти дека некои од најлошите судири за време на протестите што избувнаа кон крајот на декември се случиле во курдските региони во северозападниот дел од земјата. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата