Амбасадорите на земјите-членки на Унијата на заеднички состанок ќе го координираат можниот одговор кон Вашингтон, додека шефицата на ЕК Фон дер Лајен и првиот човек на ЕС Антонио Кошта упатија предупредување дека ваквите мерки сериозно би ги поткопале трансатлантските односи. Во заедничка изјава, двајцата истакнаа дека ЕУ останува цврсто посветена на заштита на својот суверенитет.

ЕУ е во целосна солидарност со Данска и народот на Гренланд. Дијалогот останува од суштинско значење и ние сме посветени на градење на процесот што започна минатата недела помеѓу Кралството Данска и САД.Тарифите би ги поткопале трансатлантските односи и би ризикувале опасна спирала надолу – се вели во заедничкиот став на Кошта и Лајен.
На социјалните мрежи остро реагираа и европските лидери на земјите кои се опфатени со царините. Меѓу нив, францускиот претседател Емануел Макрон напиша дека ниедна закана нема да влијае врз нив, ниту во Украина Ниту на Гренланд. Како „целосно погрешна“ ја опиша заканата за царини британскиот премиер Кир Стармер, додека Шведскиот премиер Улф Кристерсон испрати порака дека нема да дозволат да бидат уценувани..
Данскиот министер за надворешни работи Расмусен истакнувајки дека е изненаден од одлуката на Трамп, казнените царини ги оцени како парадоксални.
- Изненаден сум од ваквите изјави поради две причини. Делумно бидејќи пред само неколку дена седнавме и се согласивме со неговиот потпретседател дека ќе водиме конструктивен дијалог за овие прашања. Дури и вежбите кои се одржуваат моментално се координирани со земјите од НАТО и се организирани на начин што САД имаат целосен увид во тоа што го правиме,- Ларс Локе Расмусен – премиер за надворешни работи на Данска.
Трамп објави дека од 1 февруари на сила ќе стапат царини од 10% за Данска, Норвешка, Шведска, Франција, Германија, Велика Британија, Холандија и Финска, откако тие испратија свои војници на територијата на Гренланд.

Како што најави тој, царините од 1 јуни би се зголемиле на 25 проценти и ќе важат се додека не се постигне договор за купување на автономната Данска територија.

