Германски геофизичар предупредува на можни последователните земјотреси во Мјанмар

28.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Германски геофизичар предупредува на можни последователните земјотреси во Мјанмар

- Претпоставуваме дека ќе се случат последователни потреси. Тоа е типичен процес, истакна Оливер Хајдбах за Германската новинска агенција (ДПА).

Хајдбах заедно со група научници од Центарот за геонауки (ГФЗ) во Потсдам, соопштија дека се можни серија последователни потреси со интензитет од шест до 6,5 степени во наредните часови или денови, при што ќе се намалува бројот на земјотреси, како и интензитетот.

Алтернативно, може да има втор силен земјотрес, истакнуваат научниците од ГФЗ.

Хајдбах предупреди дека сеизмичките бранови генерирани од силни последователни потреси би можеле да ги погодат зградите, кои веќе се оштетени, со што ќе биде отежнато спасувањето.

Според прелиминарната анализа на ГФЗ, интензитетот на денешниот прв земјотрес бил 7,6 степени, а епицентарот бил во близина на градот Мандалај на длабочина од околу 20 километри. Големиот земјотрес беше почувствуван и во Тајланд и во други земји. Неколку минути подоцна уследи втор земјотрес, кој според Геолошкиот институт на САД, бил со интензитет од 6,4 степени. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата