Германија и Украина заедно ќе произведуваат ракети со голем дострел

28.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Германија и Украина заедно ќе произведуваат ракети со голем дострел

„Ова ќе биде соработка на индустриско ниво, која може да се одвива и во Украина и тука во Германија“, рече Мерц на заедничката прес-конференција со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Берлин, објави Ројтерс.

Зеленски претходно изјави дека Украина и Германија постигнале нови договори за инвестиции во одбранбениот сектор.

Зеленски, зборувајќи на прес-конференција со германскиот канцелар Фридрих Мерц, не даде дополнителни детали за договорите, објави Ројтерс.

Мерц изјави во понеделник, неколку часа пред да биде објавена еднодневната посета на Зеленски на Берлин, дека Германија за прв пат ги укинува претходните ограничувања за дометот на оружје што треба да се испорача во Киев, заедно со другите големи западни сојузници на Украина.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата