Фон дер Лајен: Кремљ ја тероризира Украина, убива цивили (ВИДЕО)

28.08.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Фон дер Лајен: Кремљ ја тероризира Украина, убива цивили (ВИДЕО)

„Овој напад покажува дека Кремљ нема да запре пред ништо за да ја тероризира Украина, неселективно убивајќи цивили - мажи, жени и деца - па дури и таргетирајќи ја Европската Унија“, изјави Фон дер Лајен.

Таа додаде дека две ракети паднале на 50 метри од зградата на Делегацијата на ЕУ во рок од 20 секунди и дека нема повредени вработени. Таа најави дека ЕУ ќе продолжи да врши максимален притисок врз Русија.

„Наскоро ќе го воведеме 19-тиот пакет строги санкции“

„Ова значи заострување на нашиот режим на санкции. Наскоро ќе го воведеме 19-тиот пакет строги санкции. Паралелно, постигнуваме напредок во врска со замрзнатите руски средства за да придонесеме за одбраната и обновата на Украина“, изјави Фон дер Лајен.

Таа најави дека утре ќе тргне на повеќедневна турнеја во седум земји-членки „кои ги зајакнуваат и заштитуваат нашите надворешни граници со Русија и Белорусија“.

Најмалку 15 мртви, вклучувајќи четири деца

„Сакам да ја изразам целосната солидарност на ЕУ со нив и да го споделам напредокот што го постигнуваме во градењето силна европска одбранбена индустрија, особено преку нашиот заеднички одбранбен инструмент SAFE“, рече таа. Прво ќе ја посети Латвија, потоа Финска, Естонија, Полска, Литванија, Бугарија и Романија.

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четири деца, беа убиени во рускиот напад врз Киев синоќа. Фон дер Лајен рече дека тоа е најсмртоносниот напад со беспилотни летала и ракети врз украинската престолнина од јули.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата