Во објава на платформата Икс, Фон дер Лајен оцени дека имале „добар разговор“ со Трамп и нагласи: „ЕУ и САД имаат најзначајни и најтесни трговски односи во светот. Европа е подготвена за брзи и одлучни разговори“.
Таа додаде дека за постигнување квалитетен договор ќе биде потребно време до 9 јули – крајниот рок што претходно го постави Трамп.
Во петокот, американскиот претседател го изрази своето незадоволство од текот на преговорите со ЕУ и се закани со итно воведување царини од 1 јуни.
Еврокомесарот за трговија Марош Шефчович во саботата изјави дека Унијата „работи со добра волја“ за постигнување фер трговски договор со САД, „врз основа на заемна почит, а не закани“.