Финска најави повлекување од меѓународниот договор за забрана на нагазни мини

1.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Финска најави повлекување од меѓународниот договор за забрана на нагазни мини

- Финска и Европа треба да ги оценат сите мерки насочени кон зајакнување на нивните капацитети за одвраќање и одбрана, поединечно и во рамките на НАТО … Предлагаме Финска да почне да го подготвува своето повлекување од Конвенцијата од Отава, рече Орпо на прес-конференција.

Тој го објави ова две недели откако слични планови објавија Полска и трите балтички држави, Литванија, Летонија и Естонија.

Полска и балтичките земји на 18 март соопштија дека сакаат да се повлечат од меѓународната конвенција со која се забрануваат противпешадиски нагазни мини поради зголемената закана од руска агресија.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата