Фидан: Неприфатлив планот на Трамп за Газа

5.02.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Фидан: Неприфатлив планот на Трамп за Газа

-Ова е неприфатливо прашање, изјави министерот за надворешни работи, Хакан Фидан за Анадолија.

Трамп вчера предложи САД да ја преземат Газа, каде што израелската воена акција во изминатите 16 месеци уби десетици илјади, откако претходно предложи Палестинците во енклавата да бидат трајно раселени. Идејата беше осудена од експерти и застапници за човекови права.

Претходните коментари на Трамп дека Палестинците треба да се преселат во Египет и Јордан веќе беа јавно отфрлени од палестинските и арапските лидери, а исто така беа осудени од поборниците за човекови права како еднаков на предлог за етничко чистење./МИА

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата