Трамп во јануари изјави дека ја разбира позицијата на Русија дека Украина не треба да биде дел од НАТО и го обвини тогашниот демократски претседател во заминување Џо Бајден за наводната промена на позицијата на САД за членството на Украина во НАТО.
-За прв пат, во еден од своите први говори, истовремено критикувајќи ја позицијата на администрацијата на Бајден за украинската криза, претседателот Трамп отворено кажа дека една од главните грешки е вовлекувањето на Украина во НАТО, рече Лавров.
„За првпат проблемот со НАТО е препознаен како нешто за што САД се подготвени сериозно да разговараат“, додаде тој.