Европските берзи без јасен тренд, цената на златото сè поблиску до рекордно ниво

12.09.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Европските берзи без јасен тренд, цената на златото сè поблиску до рекордно ниво

Европските берзи денеска бележат неусогласено движење, додека цената на златото повторно расте и се приближува до рекордни нивоа поради очекувањата дека Федералните резерви на САД следната недела ќе ги намалат каматните стапки, што ја зголемува привлечноста на овој благороден метал за инвеститорите.

Европската централна банка вчера ги задржа каматните стапки непроменети и сигнализираше дека циклусот на нивно намалување е завршен. Претседателката Кристин Лагард изјави дека Банката е во „добра состојба“ и дека ризиците за растот се повеќе избалансирани, пренесе Си-Ен-Би-Си.

Индексот на Франкфуртската берза DAX утрово во 10:15 часот опадна за 0,24 отсто на 23.626,38 поени, францускиот CAC 40 за 0,52 отсто на 7.781,65 поени, а московскиот MOEX за 0,43 отсто на 2.895,97 поени. Лондонскиот FTSE 100, пак, порасна за 0,23 отсто на 9.319,22 поени.

Во пресрет на отворањето на американските берзи, Dow Jones порасна за 1,36 отсто на 46.108,00 поени, S&P 500 за 0,85 отсто на 6.587,47 поени, а Nasdaq за 0,72 отсто на 22.043,08 поени.

Фјучерсите на природен гас за октомври на холандската берза TTF се тргуваа по цена од 32,323 евра за мегават-час.

Цената на суровата нафта се намали на 62,085 долари, а нафтата Брент на 66,138 долари за барел. Златото достигна 3.651,03 долари за унца, додека цената на пченицата падна на 5,2109 долари за бушел (1 бушел = 27,216 кг).

Курсот на еврото на девизниот пазар Форекс изнесува 1,17362 долари, што е за 0,03 отсто повеќе од почетокот на тргувањето.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата