Европа се мобилизира во пресрет на средба Трамп–Путин, Макрон и Стармер во Вашингтон

21.02.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Европа се мобилизира во пресрет на средба Трамп–Путин, Макрон и Стармер во Вашингтон

Двоецот Макрон – Стармер патува за Вашингтон во обид да издејствува предвидливост кај американскиот претседател за евентуалнниот мировен договор за Украина.

Францускиот претседател в понеделник, британскиот премиер в четврток оди во Белата куќа. Макрон кој ќе биде првиот европски лидер во вториот мандат на Трамп, го повика на разум по серијата изјави со кои несомнено Русија ја стави во преден план уште пред преговорите формално да почнат.

-Гледате дека сите се загрижени. Всушност, постои страв дека тој (Трамп) може да биде способен да преговара за нешто нецелосно, може да стави премногу на масата и да ја жртвува Украина. Она што во основа ќе му го кажам ќе биде: Не смеете да бидете слаб пред претседателот Путин. Тоа не сте вие, тоа не е ваш заштитен знак и во ваш интерес. Како тогаш можете да бидете кредибилни пред Кина, ако сте слаби пред Путин? , изјави Емануел Макрон, претседател на Франција.

По вчерашната средба со американскиот пратеник Кит Келог, по која изненадувачки беше откажана предвидената прес-конференција, Зеленски вели дека му е вратена надежта за успех, но дека остнува предизикот како да се обезбеди траен мир.

-Неопходен ни е доверлив и јасен систем на безбедносни гаранции кој ќе осигура дека оваа војна нема да се врати и дека Русите повторно нема да уништуваат животи. Мир ни е потребен на сите, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.

Но, освен битката за праведен мир, Зеленски се соочува и со американскиот притисок да го прифати договорот со кој Вашингтон ќе има пристап до украинските резерви на ретки минерали, чија вредност се проценува во трилиони долари, а кој тој неодамна го одби. Иако договорот, кој Трамп го наметнува како компензација за американската поддршка, не е директно поврзан со мировните преговори, беше причина Трамп и Зеленски да влезат во вербален судир. 

-Претседателот Трамп е очигледно многу фрустриран во моментов од претседателот Зеленски, поради фактот што тој не дојде на маса и што не беше подготвен да ја искористи можноста што му ја понудивме. Мислам дека на крајот ќе дојде до таа точка и се надевам многу брзо. , изјави Мајк Волц, советник за национална безбедност на САД.

Во исчекување на расплет на украинско-рускиот јазол, оружјето не мирува. „BBC“ јави дека најмалку 12 цивили се убиени во последните руски напади во неколку области на истокот на Украина.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата