Претходно беше објавено дека пет вулкани на Камчатка се моментално активни - Кључевскаја, Шивелуч, Каримски, Безимењ, Камбални, пренесува Интерфакс.
Руските власти им препорачаа на локалните жители и посетителите на регионот „да се воздржат од патување и пешачење во близина на споменатите вулкани во радиус од 10 км од нивните врвови“.
Во изминатите 24 часа, на Камчатка се регистрирани 22 силни земјотреси.
Регионот останува под зголемен сеизмички мониторинг, но досега нема пријавени жртви.
На 30 јули, најсилниот земјотрес во целиот период на набљудување се случи покрај брегот на Камчатка - неговата магнитуда достигна 8,8 степени според Рихтеровата скала, по што беа регистрирани низа последователни потреси.
Тоа беше најсилниот земјотрес во областа од 1952 година.
Рускиот Оддел за хидрометеорологија и мониторинг на животната средина регистрираше цунами бран со висина до четири метри во регионот.