Ердоган телефонски разговараше со Путин за билатералните односи

28.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ердоган телефонски разговараше со Путин за билатералните односи

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган телефонски разговараше со неговиот руски колега Владимир Путин, јави Aнадолија.

За време на разговорот, станало збор за билатералните односи, регионалните и меѓународните прашања.

Ердоган го истакнал значењето на заедничката работа на Турција и Русија за постигнување траен мир и стабилност во Сирија врз основа на зачувување на територијалниот интегритет на земјата.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата