Експлозија во иранското пристаниште Шахид Раџаи: Најмалку 195 повредени

26.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Експлозија во иранското пристаниште Шахид Раџаи: Најмалку 195 повредени

Најмалку 195 луѓе се повредени во денешната експлозија во пристаништето Шахид Раџаи во јужниот ирански град Бандар Абас, објавија иранските медиуми,

- Експлодираа неколку контејнери складирани на едно од пристаништето Шахид Раџаи. Моментално евакуираме луѓе и ги транспортираме повредените во медицинските установи“, изјави претставник на локалните служби за итни случаи за иранската државна телевизија.

Пристаништето Шахид Раџаи е едно од главните трговски пристаништа во Иран, лоцирано повеќе од 1.000 километри јужно од главниот град Техеран.

Во 2020 година компјутерската мрежа на пристаништето Шахид Раџаи беше мета на хакерски напад, што предизвика хаос во доставите. 

Фото: Скриншот Икс

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата