Жената паднала низ прозорецот во пламен и починала во болница од тешките повреди.
Незамисливото злосторство се случило во понеделникот наутро во населбата Гослар Окер, објави „Билд“.
Според информациите од „Билд“, случајни минувачи пронашле жена како гори на улицата Ам Милеркамп во градот Гослар (Долна Саксонија во Германија).
Четириесетгодишната жена очигледно паднала низ прозорецот од својот стан и веднаш била однесена во болница. Таму таа набрзо им подлегнала на тешките повреди.
Маж ја запалил сопругата
„Осомничен маж на возраст од 50 години е пронајден во станот и уапсен“, соопшти полицијата.
Наводно, станува збор за сопругот на починатата. Според истражителите, осомничениот ја полеал сопругата со бензин и ја запалил. Сè уште не е јасно дали жената починала од тешки изгореници или од падот. Исто така, се истражува дали осомничениот ја фрлил низ прозорецот или таа скокнала во паника.
Жената наводно била мајка на четири деца
Според НДР, двојката има четири малолетни деца, кои исто така наводно биле во станот и сега се под старателство на Центарот за социјална работа.
Полицијата го истражува убиството, а осомничениот треба да се појави пред суд. Властите засега не дадоа дополнителни информации.