Двокатен автобус, полн со ученици се излизга во река- има повредени

26.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Двокатен автобус, полн со ученици се излизга во река- има повредени

Итните служби биле повикани на местото на настанот околу 10:07 часот наутро во четврток наутро, кога автобусот „Блустар“ што ги превезувал учениците од училиштето „Бартон Певерил“ се лизнал од патот.

Портпаролот на службата за брза помош изјави дека на местото на настанот се испратени два хеликоптери и пет амбулантни возила, како и специјализирани тимови за брза реакција, објави „Скај њуз“.

„На местото на настанот се испратени голем број единици, вклучувајќи пет амбулантни возила, два хеликоптери и специјализирани тимови. Сите патници се евакуирани од автобусот. Тројца пациенти со сериозни повреди се однесени во болница, додека околу 14 лица со полесни повреди се лекуваат на местото на настанот“, рече портпаролот.

Училиштетот „Бартон Певерил“ објави на Фејсбук дека е формиран кризен центар за родители и дека тесно соработува со полицијата.

„Бараме никој да не присуствува на местото на несреќата, туку родителите да дојдат во кризниот центар. Таму ќе бидат полицаец и персонал на училиштето за да дадат информации и да одговорат на прашања“, соопштија од таму.

„Сите патници се пронајдени, а повредените се лекуваат. Патот е затворен и се очекува да остане затворен во следните 12 часа за истрага и отстранување на возилото“, додаде полицијата.

Управниот директор на „Блустар“, Ричард Тилдсли, ја потврди несреќата.

„Еден од нашите автобуси, кој превезуваше ученици, утрово беше вклучен во инцидент на патот. Првичните извештаи сугерираат дека автобусот излетал од патот и завршил во плитка река.“

„Во времето на несреќата имало 19 патници. Возачот и најмалку двајца ученици се здобиле со повреди. Сè уште немаме целосни детали за степенот на повредите на другите патници, но внимателно ја следиме ситуацијата“, додаде тој.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата