Двајца американски војници загинаа, а еден е повреден во сообраќајна несреќа кај Мексико

16.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Двајца американски војници загинаа, а еден е повреден во сообраќајна несреќа кај Мексико

Двајца припадници на американската војска загинаа, а еден е повреден денеска во сообраќајна несреќа во близина на Санта Тереза, Ново Мексико, соопшти денеска војската.

Во соопштението се додава дека повредениот војник е во тешка состојба во локална болница и дека несреќата се истражува.

Градот Санта Тереза се наоѓа во близина на границата меѓу САД и Мексико, каде војниците се распоредени од јануари. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата