Четири лица загинаа во инцидент со жичара на југот на Италија

17.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Четири лица загинаа во инцидент со жичара на југот на Италија

Инцидентот се случил на планината Монте Фаито, на околу 45 километри југоисточно од Неапол.

- Падна кабината на врвот“, напиша на Фејсбук Умберто Де Грегорио, директор на јавната сообраќајна компанија што управува со жичарницата, нарекувајќи го тоа „трагедија“.

Неколку италијански медиуми јавуваат дека еден од каблите што ја држеле кабината се скинал.

Шеснаесет патници биле спасени од кабината, која запрела во близина на подножјето на планината. Тие биле евакуирани еден по еден со помош на појаси.

Спасувачките операции беа отежнати од магла и силни ветрови.

Жичницата беше отворена пред само една недела, кога почна туристичката сезона.

Популарна е поради погледот кон Везув и Неаполскиот залив.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата