Чешка: Русија преку апликацијата „телеграм“ регрутира мигранти кои прават хас низ Европа

10.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Чешка: Русија преку апликацијата „телеграм“  регрутира мигранти кои прават хас низ Европа

Според извештајот, Русија ја користи апликацијата Телеграм за регрутирање потенцијални агенти кои потоа снимаат воени бази и логистички центри за испорака на воена помош во Украина или палат пожари. БИС наведува дека овие акции, покрај нивната цел за собирање информации или предизвикување штета, имаат и психолошки ефект.

„Тие вклучуваат слабеење на кохезијата на западните општества, ширење страв и несигурност, поткопување на јавната доверба во способноста на државата да ги заштити своите граѓани и зголемување на притисокот за намалување на поддршката за Украина во нејзината одбрана од руската агресија“, се наведува во извештајот.

Во многу случаи, според документот на БИС, агентите дури и не се свесни дека работат за Русија бидејќи се ангажирани од посредник.

Чешка Република е цел на руските разузнавачки операции со години, се вели во извештајот. Во 2021 година, таа протера 18 руски дипломати откако нејзината тајна служба презентираше докази дека Русија е одговорна за експлозијата во 2014 година во складиште за оружје во градот Врбетице, во која загинаа две лица.

Минатиот месец, чешки суд осуди колумбиски државјанин на осум години затвор за неуспешен обид за палење пожар на автобуска станица. Чешкиот премиер Петр Фиала претходно изјави дека нападот најверојатно го организирала Русија. БИС додаде дека спречила слични напади.

БИС, исто така, предупредува на ширењето на руското влијание преку Руската православна црква во Чешка, која ја опишува како институција целосно лојална на Кремљ.

Извор : Б92.нет

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата