Бугарин е убиен во Појасот газа, бил вработен во Обединетите Нации

19. 03. 2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Бугарин е убиен во Појасот газа, бил вработен во Обединетите Нации

Министерството извести дека дополнителни информации ќе бидат објавени откако ќе добијат известување за исходот од истрагата за околностите на инцидентот спроведена од надлежните органи.

Сè уште не е разјаснето дали починатиот Бугарин е странскиот државјанин за кој Министерството за здравство на Газа објави дека е убиен во израелски воздушен напад врз седиштето на ОН во центарот на Газа. Израелската армија продолжи со бомбардирањето на Газа и издаде нови наредби до жителите да се евакуираат од борбените зони.

Обединетите нации повикаа на истрага за нападот на две локации на ОН во Газа, за кој ОН соопштија дека загинал еден од персоналот, а ранети се петмина други.

„Генералниот секретар силно ги осудува сите напади врз персоналот на ОН и повикува на целосна истрага. Тој нагласува дека сите конфликти мора да се водат на начин кој гарантира почитување и заштита на цивилите“, рече Фархан Хак, заменик портпарол на генералниот секретар, на прес-конференција.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата