Фидан за време на посетата на Москва ќе се сретне и со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.
Турскиот министер претходно разговараше и со помошникот на рускиот претседател Владимир Путин.
Турското Министерство за надворешни работи на Х соопшти дека Фидан се состанал со Владимир Медински, кој ја предводеше руската делегација во првите директни преговори меѓу Русија и Украина по повеќе од три години во Истанбул.
Разговорите на 16 мај, со кои посредуваше Турција, завршија со договор на двете страни за размена на по илјада затвореници и за продолжување на преговорите за примирје.
Министерството не даде детали за разговорот меѓу Фидан и Медински.