– Ова не е нешто што ќе исчезне за неколку дена, недели или дури месеци – изјави Албанезе од градот Тари, каде, за четири дена - од 20 мај, наврнаа околу 600 милиметри дожд, што е речиси половина од годишниот просек.
Од среда ќе започне исплатата на еднократна помош од 1.000 австралиски долари за возрасни и 400 долари за деца погодени од катастрофата, а ќе се прошири и 13-неделната поддршка за приход на поширок круг жители.
Австралија се соочува со се почести екстремни временски настани, кои според дел од експертите се последица на климатските промени. Албанезе истакна дека поплавите значително ја погодиле млечната индустрија, што ќе има пошироки економски последици.
Иншуренс Аустралија груп, најголемата осигурителна компанија во земјата, досега примила околу 2.500 пријави, најмногу за штета на имот. Според властите на Нов Јужен Велс, по над 7.300 проценки, речиси 800 објекти се прогласени за ненаселиви.