Максим Чела (59) е уапсен во Велика Британија неколку дена по отслужување на половина од 25-годишната затворска казна за убиство на полицаец и тероризам во Албанија, објави Дејли Меил.
Тој досега ги чинеше британските даночни обврзници повеќе од 10.000 фунти (околу 14.000 евра) во борбата против депортацијата и наводните прекршувања на човековите права, тврдејќи дека членовите на ривалската банда ќе го убијат ако се врати во Албанија.
Максим моментално е излезен со кауција, чека одлука за депортација и слободно шета по улиците. Се верува дека тој дошол во Британија од Шпанија користејќи лажен пасош. Веднаш бил уапсен по пристигнувањето во Британија, но набрзо покренал постапка против депортација.
Неговото барање било одбиено од првостепениот судија, но сега посебно се разгледува поради неговото тврдење дека ќе биде убиен доколку се врати во Албанија.
Второстепениот суд до 31 март ќе одлучи дали Чела може да остане во земјава. Дури и да загуби, може повторно да се жали до повисоките судови, кои ќе го задржат во земјава до целосно завршување на процесот.
Максим одлежал затворска казна за планирање да убие полицаец, како и за планирање да активира бомба на фудбалски стадион.
Killer Albanian mafia kingpin 'is free to walk the streets of Britain' after claiming he'd be murdered in his home country - and he has cost taxpayers £10,000s fighting deportation https://t.co/mHYrOZJfzi
— Zicutake USA Comment (@Zicutake) March 6, 2025
По ослободувањето планирал да се скрие меѓу албанските мафијаши во Британија, но набрзо бил уапсен.
Тој првично бил задржан во Центарот за мигранти Колнбрук во близина на аеродромот Хитроу, но сега е слободен да шета по улиците.
Поранешниот министер за внатрешни работи Кевин Фостер бил огорчен од одлуката и рече дека неговиот случај е уште еден пример за „лудило поради почитувањето на човековите права во судовите“.
„Скандалозно е што судот мисли дека правата на овој опасен терорист се поважни од правото на луѓето во оваа земја да живеат безбедно“, рече тој.