„Нападот во саботата ги погоди припадниците на единиците на воениот полигон во областа Дњепропетровск“, изјави главниот командант на украинските сили, Олександр Сирски.
„Како резултат на нападот на балистичка ракета 'Искандер-М' со фрагментирана муниција, има мртви и повредени“, додаде Сирски.
Официјални податоци за бројот на жртви не се објавени. /МИА