Атентаторот на Фицо е префрлен од психијатриска болница во затвор

21.01.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Атентаторот на Фицо е префрлен од психијатриска болница во затвор

Нему му се заканува 25 години затвор или доживотен затвор.

Цинтула утринава бил префрлена од локалната болница во окружниот суд во Тренчин.

Опкружен со специјалци во тренерки и со врзани раце поминал покрај новинарите.

По денешната судска одлука, атентаторот повеќе нема да биде затворен во психијатриско одделение, туку ќе биде префрлен во стандардна затворска установа, што тој самиот го побарал.

На 15-ти мај минатата година, Цинтула пукаше со пиштол кон Фицо во градот Хандлова, тешко ранувајќи го словачкиот премиер, кој оттогаш закрепнал.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата