Американската војска повторно го нападна Иран

26.05.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Американската војска повторно го нападна Иран

Според Централана команда на САД, нападите биле насочени кон ракетни лансирни позиции и пловила кои, како што тврдат од американската страна, се обидувале да постават мини во близина на Ормусткиот теснец. Од CENTCOM наведуваат дека акцијата била спроведена во „самоодбрана“ со цел заштита на американските сили и сојузници во регионот.

Во текот на ноќта неколку експлозии одекнале во јужниот ирански град Бандар Абас, по што бил активиран системот за противвоздушна одбрана. Иранските медиуми јавуваат дека експлозиите се слушнале во близина на аеродромот и воени објекти во градот, кој се смета за една од најважните стратешки точки на Иран поради неговата позиција покрај Ормутскиот Теснец.

Иранската Револуционерна гарда соопшти дека противвоздушната одбрана реагирала на „непријателски цели“, додека полуофицијалната агенција Fars News Agency објави дека слични експлозии биле регистрирани и во близина на градовите Сирик и Јаск.

Новите напади се случуваат во момент кога Вашингтон и Техеран тврдат дека е постигнат одреден напредок во мировните преговори. Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека преговорите доцнат поради несогласувања околу формулациите во договорот, но порача дека Хормушкиот Теснец „мора да остане отворен“.

Од иранска страна потврдија дека постои „рамка за договор“, но нагласија дека конечен мировен договор сè уште не е постигнат.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата