„САД ни дадоа три недели да се договориме за условите за предавање на Украина. Ако не го сториме тоа, САД ќе се повлечат од Европа“, напиша Алтола на својот профил на мрежата Икс.
Тој оцени дека за американскиот претседател Доналд Трамп безбедноста на Русија е приоритет „и сега и во иднина“.
„Имаме три недели да пораснеме“, напиша Алтола, европратеник во групата на Европската народна партија (ЕПП).
Минатата недела Трамп ги изненади Европејците со тоа што се согласи на билатерални мировни преговори со Русија за ставање крај на војната во Украина, што предизвика загриженост во ЕУ дека неговиот пристап за завршување на конфликтот ќе биде од корист за Русија./МИА