Според писмо испратено до вршителот на должноста претседател на Харвард, Алан Гарбер, а во кое имал увид весникот, федералната истрага покажала дека начинот на кој универзитетот се однесува со овие студенти претставува прекршување на федералниот закон за граѓански права. Доколку не се спроведат потребните корективни мерки, Харвард би можел да остане без федерално финансирање, предупредува администрацијата.
Трамп претходно изјави дека има намера да изврши притисок врз Харвард, како и врз други елитни универзитети низ САД, за да се стави крај на, според него, „левичарската woke идеологија“ и растечкиот антисемитизам на тие институции.