Се урна авион среде мочуриште со алигатори- патниците преживеале 36 часа (ВИДЕО)

3.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Се урна авион среде мочуриште со алигатори- патниците преживеале 36 часа (ВИДЕО)

Тоа е област полна со алигатори, објавија локалните власти, како што објави Би-Би-Си.

Авионот исчезна од радарот во четвртокот, а беше пронајден вчера благодарение на локалните рибари во боливискиот регион Амазонас, откако беше исчезнат вкупно 48 часа.

Преживеаните - три жени, едно дете и 29-годишен пилот - беа пронајдени во „одлична состојба“, рече Вилсон Авила, директор на центарот за итни интервенции на одделот Бени.

Принудно слетување поради дефект на моторот

Операцијата за пребарување и спасување започна во четврток откако авионот исчезна од радарот за време на летот од Баурес, во северна Боливија, до градот Тринидад.

Пилотот Андрес Веларде за локалните медиуми изјави дека дошло до дефект на моторот, поради што бил принуден да направи итно слетување во близина на реката Итаномас.

„Бевме опкружени со алигатори“

Авионот слета во мочуриште во близина на лагуната, каде што патниците - сите петмина - беа заробени врз остатоците, опкружени со диви животни.

„Бевме опкружени со алигатори кои се приближија на три метри од нас“, рече Веларде. Тој додаде дека верува оти биле спречени од истекувањето на гориво од авионот, а забележале и анаконда во водата.

Преживеале со брашно од касава

Додека чекале помош, патниците успеале да преживеат благодарение на брашното од касава што го донел еден од патниците. „Не можевме да пиеме вода и не можевме да се движиме никаде поради алигаторите“, рече пилотот.

Откако рибарите ги забележале остатоците, на местото на несреќата бил испратен хеликоптер и преживеаните биле пренесени во болница. Рубен Торес, директор на здравствената администрација на регионот Бени, изјави дека за време на пребарувањето имало „многу шпекулации и различни теории“ за исчезнувањето на авионот.

„Навистина сум среќен бидејќи сите служби на крајот се здружија и успеавме да ги пронајдеме исчезнатите и да им ги спасиме животите“, изјави Торес.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата