Две жени се повредни во пукотница во кампус на технички колеџ во близина на Лос Анџелес

3.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Две жени се повредни во пукотница во кампус на технички колеџ во близина на Лос Анџелес

Пукањето се случило околу 16 часот во канцеларија на кампусот на колеџ за аеронаутика и технологија во Инглвуд, каде што градоначалникот Џејмс Батс рече дека се верува дека осомничениот е поранешен вработен, објави АП.

Една од жртвите е во критична состојба, рече Батс.

Колеџот беше блокиран најмалку еден час по пукотницата.

Претседателот и главен администратор на кампусот, Крис Бекер, рече дека полицијата редовно патролира низ кампусот и дека во школата за обука за воздухопловство безбедноста е еден од најважните фактори.

Спартанскиот колеџ за аеронаутика и технологија запишува 500 студенти и нуди програми за обука кои се фокусираат на технологијата за одржување на авиони.

Кампусот се наоѓа на околу 1,5 километри од меѓународниот аеродром во Лос Анџелес.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата