Зубименди и официјално во Арсенал

6.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Зубименди и официјално во Арсенал

По долги преговори и најавувања повеќе од еден месец, Мартин Зубименди од денеска и официјално е член на екипата на Арсенал.

Лондончани го промовираа своето најново засилување, на кое што менаџерот Микел Артета едноставно инсистираше да биде доведено.

Зубименди секако, доаѓа од тимот на Реал Сосиедад, каде што се профилираше во еден од најдобрите играчи на својата позиција во Примера.Арсенал за него плати цели 65 милиони евра што воопшто не е мала сума.

Популарниот Зуби веќе го одбра и дресот со број 36 кој ќе го носи во новиот клуб.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата