Фудбалскиот свет остана во шок по синоќешната хорор повреда на звездата на Баерн Минхен, Џамал Мусиала кој доживеа тешка сркшеница на мечот против ПСЖ во рамките од Светското клупско првенство во САД.
Мусијала во дуелот со Џиџи Донарума доживеа сериозна повреда, и веднаш беше пренесен во болница во Атланта. Таму лекарскиот тим му ја пружил првичната помош, ја поставил дијагнозата, ја фиксирал ногата со лонгета, и дал насоки како понатаму да се постапи со играчот.
Од друга страна американците во многу ќе помогнат Мусиала сега да биде пренесен во Европа, поточно во Германија. Тој ќе мора десетина саати да биде во кревет и да биде транспортитан преку авионски преку океанот, во Германија.
Баерн сака Мусиала да биде опериран во Инсбрук, каде што соработува со ортопедскиот хирург Кристијан Финк со години, и да го следи процесот на закрепнување на играчот. Докторот на Баерн Јохен Хан, е ортопедски хирург и ќе го координира последователното закрепнување по операцијата.
Засега, прогнозите се за период на закрепнување од најмалку 4-5 месеци.