Жоао Педро официјално во Челзи

2.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Жоао Педро официјално во Челзи

За сума од 60 милиони фунти, досегашниот член на тимот на Брајтон, Жоао Педро и официјално се пресели во екипата на Челзи.

Бразилскиот напаѓач очигледно е сметан за иднината на клубот, затоа што потпиша договор до 2032. година.

Тој е дете на Флуминензе, а во Европа пристигна потпишувајќи за тимот на Ватфорд. Потоа премина во Брајтон каде што неговата кариера доживеа сериозна екпанзија, па трансферот во Челзи воопшто не е изненадување.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата