Родриго на излезна врата од Реал, Арсенал започнал преговори со бразилецот

3.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Родриго на излезна врата од Реал, Арсенал започнал преговори со бразилецот

Иако бразилскиот репрезентативец Родриго беше еден од главните фудбалери во екипата на Реал Мадрид, се чини дека по доаѓањето на новиот тренер Чаби Алонсо тој е на излезна врата од тимот на „кралевите“. Оваа ситуација сака да ја искористи Арсенал кој наводно веќе ги отпочнал преговорите со агентите на бразилецот.

Според англискиот весник „Атлетик“, Родриго и неговиот татко не се задоволни од ситуацијата во Мадрид и настојуваат да преговараат со други клубови. Доколку во Мадрид стигне понуда која ги задоволува барањата на „кралскиот клуб“, тие не би имале ништо против да го пуштат Родриго да си замине. Арсенал се споменува како најсериозен кандидат за потпис на бразилецот и челниците на клубот веќе започнале да преговараат со агентите на младиот напаѓач.

 


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата