Жестока тепачка на пријателски меч: Фудбалерите на Бетис и Комо делеа боксови и шлаканици (ВИДЕО)

7.08.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Жестока тепачка на пријателски меч: Фудбалерите на Бетис и Комо делеа боксови и шлаканици (ВИДЕО)

Фудбалерите на Комо и Бетис се степаа за време на пријателски натпревар кој се одигра вчера во Шпанија. Италијанскиот тим победи со резултат од 3:2, но во дополнителното време од првиот дел избувна тепачка меѓу играчите откако еден играч на шпанскиот тим беше остро фаулиран.

Играчот од средниот ред на Бетис, Пабло Форналс, и играчот од средниот ред на Комо, Максимо Пероне, разменија боксови и шлаканици.

Форналс избегна црвен картон, но Пероне не, додека Хектор Белерин исто така доби црвен картон поради расправија со судијата.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата